Познато е како ќе биде казнет судијата од мечот меѓу Јуве и Милан

by
0 минути читање

На Милан не му беше досуден чист пенал против Јувентус, а таквата одлука на судијата крена многу прав во Италија, па Фабри не може да помине неказнето.

„Ла Република“ објавува дека 35 годишниот арбитар нема да биде делегиран во наредните две кола од Серија А, а нема да суди ниту еден меч на Милан до крајот од сезоната.

Ваквата информација доаѓа пред денешниот состанок на тренерите, капитените и судиите кој треба да се случи во канцелариите на Лега Серија А утрово.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×