Солскјер ќе добие рекорден буџет за засилувања, но дали тоа ќе биде доволно, листата со желби е прилично долга

by
2 минути читање

Се очекува
летоска да има големи промени на „Олд Трафорд“, се говори дека дури осум играчи
би можеле да го напуштат клубот, а во исто време се најавува и пристигнување на
неколку нови имиња.

Последните
информации од Англија велат дека лидерите на Манчестер јунајтед се импресионирани
од она што го сработи до сега Оле Гунар Солскјер, имаат огромна доверба во него
па стартегот летоска ќе троши како никој претходно и ќе добие рекорден буџет од
200 милиони фунти
.

Засилувањата ќе
бидат микс од млади играчи и искусни фудбалери. На листата со желби се
перспективните Џејдон Санчо, Калум Хадсон Одои, Деклан Рајс и Арон Ван Бисака,
како и дефанзивците од светска класа, Калиду Кулибали и Рафаел Варан. Бруно
Фернандеш и Саул Нигез исто така се споменуваат како потенцијални цели.

Но прашање е дали
200 милиони фунти ќе бидат доволни. Борусија Дортмунд не сака да се раздели со
Џејдон Санчо и постави висока цена од 100 милиони фунти.

Слична сума
сигурно ќе биде потребна и за ангажман на Калиди Кулибали, Наполи во јануари
веќе одби понуда од 115 милиони евра (нешто помалку од 100 милиони фунти)

И Реал Мадрид нема ефтино да го пушти Рафаел Варан, кој има откупна клаузула од
500 милиони евра (430 милиони фунти).

Челси не сака да
се раздели со Хадсон Одои, но доколку биде приморан со оглед на тоа дека
играчот има договор до 2020, сигурно ќе бара најмалку 40 милиони фунти.

40 милиони фунти
е почетната цена и на Ван Бисака, а наддавањето за Деклан Рајс почнува на 50
милиони фунти.

Што се однесува
до Бруно Фернандеш, тој има откупна клаузула од 100 милиони евра (околу 86
милиони фунти)
и Спортинг е клуб со кој тешко се пазари.

Истото важи и за
Атлетико Мадрид, кој во договорот на Саул Нигез има поставено клаузула од 150
милиони евра (околу 130 милиони фунти)
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×