Ракитиќ се сели во Серија А, но не во Интер?

by
1 минути читање

„Газета дело Спорт“ пишува дека Ракитиќ од следната сезона би можел да го облече дресот на Јувентус.

Тој подолго време се поврзува со Интер, но сега работите се менуваат и се вели дека е поблиску до трансфер во Јувентус.

Наводно, реакцијата на Ракитиќ била позитивна кога слушнал за интересот на Јувентус и на некој начин се согласил да ја промени средината иако се уште нема ништо конкретно.

Во февруари тој рече дека сака да остане во Барселона: „Имам уште три години од мојот договор и сакам да останам тука“.

Но, работите се менуваат и доколку на адреса на Барселона пристигне добра понуда, голема е веројатноста Ракитиќ да биде продаден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×