Кристијано Роналдо е подготвен за Ајакс

by
0 минути читање

Првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Ајакс се игра во среда во Амстердам.

Роналдо беше дел од денешниот тренинг на Јувентус заедно со остатокот на тимот и импресиите на италијанските медиуми се дека тој е подготвен за игра, во најмала рака да почне од клупата.

Тој е надвор од теренот поради проблем со бутниот мускул, повреда која ја доби на меч со португалската репрезентација.

За разлика од Роналдо, големи се шансите Емре Џан да го пропушти мечот, тој се повреди на дуелот со Милан и прогнозите за негов настап против Ајакс не се оптимистички.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×