Диего Коста беше исклучен во 28. минута од натпреварот со Барселона откако го опцу судијата. Брзо беа откриени и зборовите на напаѓачот по кои може да добие и поголема суспензија.
„На 11 натпревари ние добивме седум црвени картони, па мора да правиме нешто погрешно“, изјави Симеоне кога го прашаа за Коста.
„Го прашав судијата и тој ми кажа дека Коста му кажал нешто што не треба. Други фудбалери зборувале такви работа па не биле исклучени, но тоа не го оправдува Диего“.
„Доколку судијата вели дека имало навреда, тогаш е оправдано црвен картон. Но не е секогаш исто, не е секогаш исто…“.
„Тие во 2016 го исклучија Торес кој е икона! После тоа секој може да добие црвен картон поради вакви причини“.
„Но сезоната уште не е завршена. Го освоивме европскиот Суперкуп, се бориме за второто место и тоа не е негативно“.