Синоќа можеше да биде поинаку доколку Милан во јануари успееше во намерата: Се обидовме да го купиме Кин, но…

by
1 минути читање

Моизе Кин е играчот за кој сите во Италија зборуваат, младиог голгетер на почетокот од март доби шанса да покаже што умее и од тогаш не престанува да ги тресе противничките мрежи.

Против Удинезе постигна два гола, потоа дебитираше за Италија и стана вториот најмлад стрелец во историјата на „аѕурите“. Неколку дена подоцна го постигна и вториот гол во дресот на репрезентацијата, а кога се врати во Јувентус, донесе победи против Емполи, Каљари и Милан.

Но претходно тој ретко добиваше шанса од Алегри, па во јануари се говореше за негово заминување од Торино. Токму Милан беше еден од клубовите кои пројавија интерес, Мино Рајола се обиде да го однесе својот клиент на Сан Сиро, но „старата дама“ не сакаше лесно да се откаже и постави висока цена од 20-25 милиони евра.

Откако синоќа Кин им пресуди на „росонерите“, директорот Леонардо го потврди неуспешниот обид за ангажман.

„Точно е дека бевме заинтересирани за Кин и разговаравме со Јувентус. Тој сега експлодираше па нема шанса да го ангажираме. До вчера беше само голема фудбалска надеж, но сега е голема реалност…“ – вели Леонардо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×