Судијата во записникот ја навел пцовката што ја кажал Диего Коста но и другиот инцидент кој го направил (ФОТО)

by
1 минути читање

„Колчонероси“ нешто повеќе од еден час играа со играч помалку против Барселона откако Диего Коста поцрвене во 28. минута од мечот.

Напаѓачот не доби фаул, па тргна да протестира кај судијата, му дофрли нешто а Хесус Хил Манзано без многу двоумење го испрати во сполекувалната.

Во записникот за мечот од Камп Ноу, судијата ја навел пцовката што ја кажал Диего Коста.

„Во 28. минута, фудбалерот (со број 19) Диего Да Силва Коста гласно ми се обрати со следните зборови „ДА И СЕ ПО*ЕРАМ НА ТВОЈАТА ЕБ*НА МАЈКА“, „ДА И СЕ ПО*ЕРАМ НА ТВОЈАТА ЕБ*НА МАЈКА““.

Хил Манзано иста така запишал дека фудбалерот на Атлетико направил уште еден инцидент, односно откако бил исклучен, напаѓачот два пати го фатил за рака судијата со цел да го спречи да покаже жолти картони на Хименез и Годин, кои исто така влегоа во бележникот.

„Откако играчот Диего Да Силва Коста беше исклучен, во два наврати ме фати за раката со цел да ме спрачи да покажам жолти картони на неговите соиграчи со број 24, односно број 2“.



Можно е и ова да ти се допаѓа

×