Милан водеше, но,
на крајот загуби во дерби пресметката против Јувентус на гостински терен со
2-1, а тој пораз може да биде болен за Росонерите на крајот од сезоната каде
имаат грчевита битка за место во топ четирите екипи во Серија А, што е цел за
тимот од Милано.
Шефот на
стручниот штаб на Росонерите, Џенаро Гатузо не сакаше да упати критики на
арбитражата на дербито во Торино, тоа претходно го стори директорот на Милан,
Леонардо, кој не штедеше критики на таа тема.
„Силно верувам во
добрата воља на судиите, бидејќи ако не верувам, тогаш не би имало никаква
смисла да ја работам оваа работа“ рече Гатузо по мечот.
„Ова беа нашите
најдобри перформанси годинава, загубивме во последните 18-20 минути не поради
тоа што Јувентус играше добро, туку поради нашите грешки. Овие работи можат да
се случат доколку играте во стил каков што ние играме“ додаде тој.
„Јуве ја промени
својата игра по само 20 минути, се обиде да игра мошне високо, потоа се префрли
на формација 4-4-2, тактични и технички, имавме навистина преубав натпревар“
заклучу Гатузо.