Антоан Гризман за
прв пат гостуваше на Камп Ноу по неговата одлука ланското лето да ги одбие
Каталонците и да продолжи и натаму во својата кариера со Атлетико Мадрид, но,
таа одлука не наиде на воодушевување кај навивачите на Барселона.
Коста „поцрвене“ на Камп Ноу, што ли му кажа на судијата… (ВИДЕО)
Иако шефот на
стручниот штаб на Каталонците, Ернесто Валверде пред дерби пресметката со
Јорганџиите упати барање до навивачите да се фокусираат само на нивниот омилен
тим, односно да се избегне свирежи кон гостинскиот состав, особено до Гризман,
тоа не вреди со плод.
„Блиц криг“ на Камп Ноу: Суарез и Меси го решија Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Навивачите на
Барселона упатија жестоки свирежи кон францускиот офанзивец уште кога неговото
име беше прочитано од спикерот за време на соопштувањето на обата состави, а
Гризман се соочуваше со свирежи од гледалиштето и во текот на натпреварот.