Можеби неправедно
е да се отпишуваат останатите претенденти за титулата во најсилниот фудбалски
шампионат, но, речиси извесно е дека сите дилеми се веќе решени по вечерашната
победа на Барселона во дуелот со Атлетико Мадрид од 2-0 на домашен терен.
Гостите цели 85
минути пружија отпор на налетите на Каталонците кои имаа потешкотии за да го
пронајдат патот до противничката мрежа, а тоа му успеа на Суарез кој во 85.
минута при една мајсторија со обид вон казнениот простор на противникот успеа
да погоди на преубав начин.
Неполна минута по
водечкиот гол на Каталонците следеше нова мајсторија, овој пат на првата ѕвезда
на тимот од Камп Ноу, Меси кој по една мини соло акција успеа да ги надмудри
своите чувари да ги постави конечните 2-0 од дерби пресметката на Камп Ноу.
Атлетико Мадрид од 28. минута играше со играч помалку на теренот откако директен црвен картон доби Диего Коста (видео-тука).
На осум кола до
крајот Барселона (73) има цели 11 бода предност во однос на Атлетико Мадрид (62),
односно 13 во однос на третопласираниот Реал Мадрид (60).