„Росонерите“ ја
продолжија црната серија и вечерва загубија на гостувањето кај Јувентус со 2-1
и покрај тоа што на полувреме имаа предност од 0-1. По крајот на натпреварот,
директорот Леонардо се појави пред новинарите и го нападна судијата Фабри и
неговите колеги, и порача дека Милан останал со празни раце поради грешки на
арбитрите.
„Изгледаше како
прилично чист пенал“ – вели Леонардо за инцидентот при резултат 0-0 кога Алекс
Сандро со рака играше во својот шеснаесетник по една нафрлена топка.
Судијата го прегледа спорниот момент на повторени снимки со ВАР, но на крајот
одлучи дека Бразилецот немал намера и не покажа на белата точка.
„Разочарани сме. По баравме од тимот да одигра храбро и со самодоверба и токму
тоа го сторија играчите. Па разочарување е тоа што си одиме дома со празни раце
поради грешки на судијата и тоа што судијата во глобала не беше на висината на
задачата цел меч“.
„Исто така, не ми
е јасно како можеше да му покаже картон на Чалханоглу. Наместо судијата да ја
смири ситуацијата тој дополнително направи тензија“.
„Не сакам да
креирам контроверзија, но разочаран сум од она што се случуваше“.
Погледнете го моментот за кој зборува Леонардо и проценете сами:


Post muto.#JuventusMilan #JuveMilan #rigore #fabbri #serieA pic.twitter.com/r3SlxQY8dz
— Davide Bizzo (@bizzo_d) April 6, 2019