Пукна „петарда“ во Минхен: Баварците со лекција по модерен фудбал за Милионерите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Баерн Минхен се
рехабилитираше по киксот на гостувањето кај Фрајбург откако ремизираше со 1-1,
а во ист момент Борусија Дортмунд со победата над Волфбург на домашен терен од
2-0 се искачи на првото место на табелата во Бундеслигата
претходното коло.

Сега ситуацијата
на табелата е поинаква, по денешната убедлива победа на Баварците со 5-0 пред
своја публика над Милионерите, сега Баерн Минхен е прв со 64 бода, односно со
бод предност во однос на својот директен ривал за титулата во Бундеслигата.

Тоа што е мошне
интересно од дерби пресметката во Минхен е тоа што победникот беше решен уште
по првите 45 минути игра, откако домаќинот имаше убедливо водство од 4-0.

Левандовски погоди
на два пати, а останатите погодоци за Баерн Минхен ги постигнаа Хумелс,  Мартинез и Гнабри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×