Росонерите не
издржаа на тешкото гостување кај лидерот во Серија А, Јувентус кој со пресврт
дојде до победа од 2-1 над Милан во дербито на 31 коло во најсилниот
италијански фудбалски шампионат.
Пјонтек го отвори
мечот на резултатски план донесувајќи му водство на Милан од 0-1 во 39. минута,
а со тоа минимално водство Росонерите заминаа на паузата, по која прокоцкаа се’
што сторија во првите 45 минути игра
во Торино.
Во второто
полувреме најпрво Дибала погоди од пенал во 60. минута, а Аргентинецот шест
минути подоцна беше заменет со Кин, тинејџерот кој во 84. минута ги постави
конечните 2-1 на дерби пресметката во Торино.
На табелата
Јувентус е лидер со 84 бода досега и меч повеќе во однос на второпласираниот
Наполи (63). Милан во продолжение ќе
треба силно да се бори за место во топ четирите екипи откако остана со 52 бода
и по ова коло, Аталанта е веднаш зад Росонерите со 51 бод, а следат Торино 49,
како и Лацио и Рома со по 48 бода.