Валверде има посебно барање до фановите на Барса за Гризман

by
1 минути читање

Антоан Гризман
нема голема популарност помеѓу навивачите на Барселона откако ги одби
Каталонците ланското лето, а донесе конечна одлука да остане во Атлетико
Мадрид, одлуката ја соопшти јавно пред целата јавност.

Вечерва францускиот
напаѓач за прв пат ќе стапне на Камп Ноу арената откако им даде „корпа“ на
Каталонците, а посебно барање до фановите на Барселона има токму шефот на
стручниот штаб на таа екипа, Ернесто Валверде, кој не сака да слуша свирежи кон опонентот, туку целосна поддршка до неговите избраници.

Би сакал навивачите
да бидат покрај нас во текот на целиот меч, не би сакал да се фокусираат на
фудбалери од спротивниот табор
“ рече Валверде.

Кога моите
фудбалери добиваат свирежи на гостинските натпревари, тоа значи дека тие
навивачи не водат грижа за својот тим, тук за мојот, затоа не би сакал нашите
навивачи да упатуваат свирежи кон противниците
“ додаде тренерот на Барса притоа
коментирајќи ја и одлуката на Гризман.

Секој фудбалер е
слободен да носи одлуки за својата кариера, исто како и клубовите кои го прават
тоа
“ заклучи Валверде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×