Бензема ги предводеше Кралевите до победа над Еибар (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид ја
оправда  фаворитската улгоа во дуелот со
Еибар, откако на домашен терен славеше победа од 2-1, иако на паузата домаќинот
имаше минимална негатива.

Кардона во 39.
минута ги шокираше домашните фанови откако погоди за почетно водство на Еибар,
а со тој резултат се замина на паузата по првите 45 минути игра.

Во второто
полувреме се истакна Бензема со два погодоци, можеше и до трет, но францускиот
напаѓач се посрамоти во една ситуација кога промаши празен гол.

Бензема најпрво
во 59. минута израмни на 1-1, за веќе во 81. минута целосно да го скрши отпорот
на Еибар и да донесе водство од 2-1 кое остана до крајот на пресметката во Мадрид.

На табелата, Реал
Мадрид по 31
одигран меч има 60 бода, два помалку од Атлетико Мадрид кој се наоѓа на второто место.
Јорганџиите имаат и меч помалку, исто како и лидерот Барселона (70), токму овие
две екипи ќе го играат дерби мечот на ова коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×