Доминацијата на страна на Њукасл, трите бода за Кристал Палас (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул синоќа
славеше кај Саутемптон со 1-3, а со тоа за момент се врати на врвот во
Премиерлигата со два бода во однос на Манчестер Сити кој има меч помалку, а
денеска се одиграа останатите три предвидени натпревари.

Њукасл иако имаше
апсолутна доминација на мечот против Кристал Палас на домашен терен, на крајот
остана со куси ракави откако беше поразен минимално со 0-1.

Кога не се
користат шансите, стигнува казна, а тоа непишано фудбалско правило Кристал
Палас го потврди со голот на Миливојевиќ од пенал во 81. минута, со што гостите
со 39 бода сега имаат 11 бода предност во однос на Кардиф кој е во опасната
зона за испаѓање од елитното друштво.

Што се однесува
пак до Њукасл, тој има само седум бода предност во однос на Кардиф кој има и
меч помалку, опстанокот на Њукасл се уште не е обезбеден, а денешниот пораз
може да се покаже како многу болен на крајот од сезоната.

Во останатите два
меча, Барнли славеше на гостувањето кај Борнмут со 1-3, а Лестер исто така
забележа гостинска победа, кај Хадерсфилд со 1-4.

Утре се играат
две пресметки, во кои се среќаваат Евертон – Арсенал, односно Челси – Вест Хем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×