Македонецот важи
за еден од поперспективните млади играчи во Европа, па скаути на клубови ширум стариот континент редовно ги следат неговите настапи. Популарниот „дијамант“ сега во
разговор со турските медиуми ги откри плановите за својата иднина.
Елиф Елмас сака
да настапува во Шпанија, и не само тоа, целта му е за 4 до 5 години да игра за
Барселона или Реал Мадрид.
„Во мојот речник нема израз како „Ова е доволно“. Секогаш се борам да бидам
подобар. Сакам да бидам најдобар во тимот“ – вели Елмас.
„Имам големи
сонови и високи цели. Сакам да бидам фудбалска ѕвезда и да ја освојам „Златната
топка“. Сакам да играм во Ла Лига. Целта ми е да го облечам дресот на Барселона
или Реал Мадрид за 4 до 5 години. Исто така желба ми е настап на ЕВРО 2020“.