Бразилскиот
великан Крузеиро соопшти дека го обезбедил потписот на Жоао Мендеш, кој е син
на легендарниот Роналдињо. 14 годишното момче добило пет годишен договор.
„Тој е
перспективен играч со интересни каректеристики и верувам дека наскоро ќе биде
интегриран во нашиот професионален тим“ – вели директорот на младинската школа,
Амарилдо Рибеиро.
„Има добри
физички предиспозииции, технички е добро поткован, може да игра во форот или како втор напаѓач. И покрај тоа што е прилично висок, располага со
одлична брзина и добар финиш“.
Жоао Мендеш и се
приклучи на младинската школа на Крузеиро во мај минатата година и во прв
момент не открил дека е син на Роналдињо бидејќи сакал да успее на сопствени
заслуги. Сепак, тајната за кратко време беше откриена.