„Специјалниот“ е
без работа откако во декември минатата година доби отказ од Манчестер јунајтед.
Тој во неколку наврати откри дека одбил 3-4 понуди да му се врати на фудбалот
зошто преферира тоа да го стори летоска и тоа во амбициозен клуб со добар
проект.
Според денешното издание на Тутоспорт, Жозе Мурињо му се понудил на Интер.
Португалецот стапил во контакт со поранешниот прв човек на клубот, Масимо Морати, и
го известил дека е заинтересиран за тренерското столче на „Џузепе Меаца“.
Масимо Морати потоа
го известил сегашното раководство за желбата на Жозе Мурињо, но добил негативен одговор. Жанг и
Марота имаат други планови и ќе тргнат по Антонио Конте доколку Лчано Спалети замине.