Новинар од Белгија: Реал прави притисок од сите страни, иднината на Азар е во рацете на оваа дама (ФОТО)

by
1 минути читање

Марка доцна
синоќа објави „бамба“ и пренесе дека Реал, Челси и Еден Азар се на чекор до
договор, сите детали ќе бидат испеглани во следните денови и играчот наскоро ќе
пристигне во Мадрид за да си одбере дом за следните шест години.

Сепак, белгискиот
новинар Кристоф Теро вели дека зделката не е толку блиску до комплетирање како
што пишуваат во Шпанија и објаснува дека ова е само притисок врз Челси.

„Колку што јас
знам, Челси и Реал се ште немаат постигнато договор за трансфер на Еден Азар.
Имаа контакт помеѓу двата клуба но Челси се ценка околу висината на трансферот
и бара повеќе од 100 милиони евра за играч кој има само уште една година од
договорот“
– вели Теро, кој престојува во Лондон и за весникот ХЛН известува за
Премиерлигата.

„Во секој
случај… Реал притиска за Азар. Тој е приоритет на Реал Мадрид“.

„Реал сака што е
можно поскоро да ја комплетира зделката. С
è е во рацете на оваа дама
(директорката на Челси, Марина Грановскаја), таа треба да ја прифати понудата на
Реал. Притисок се прави од сите страни“.



Можно е и ова да ти се допаѓа

×