Марка со вечерна „бомба“: Азар се сели во Реал, Белгиецот наскоро пристигнува во Мадрид!

by
1 минути читање

Еден Азар долго
време се поврзува со „кралевите“ и според последните информации, желбата на
фудбалерот да го облече дресот на Реал конечно ќе му се оствари.

Марка доцна
вечерва пренесе дека Реал, Челси и Еден Азар се многу блиску до договор, и сите
детали од зделката ќе бидат испеглани во следните денови.

Весникот пренесува
дека Белгиецот наскоро ќе пристигне во Мадрид, за подобро да се запознае со
градот, да разгледа различни локации и да го одбере својот дом за следните шест
години.

Марка сепак не
открива никакви детали од трансферот и колаква сума Реал ќе плати за услугите
на Еден Азар, кој е под договор со Челси до 2020 и веќе одби неколку понуди за
продолжување на соработката со клубот од Стемфорд Бриџ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×