„Црвените“ се
вратија на врвот на табелата и ја продолжија играта на нерви со Манчестер Сити
откако вечерва победија на „Сент Мерис“ и покрај тоа што мечот го започнаа со
негатива.
Саутемптон беше
подобар противник во воведните минути и со голот на Лонг во 9. минута дојде до
1-0. На Ливерпул му требаше време да се совземе по шокот, гостите направија
неколку грешки, но откако „светците“ не ги искористија овие прилики, Кеита
погоди во 36. минута за 1-1.
Домаќините долго
одолеваа во продлжението од мечот, но потклекнаа во 80. минута. По една брза
контра, Мохамед Салах биеше прецизно од врвот на шеснаесетникот за 1-2 и големо
славје.
Египјанецот го
прекина голгетерскиот пост (последен пат погоди на почетокот од февруари) и
испиша историја. За него ова беше јубилеен 50-ти погодок во дресот на Ливерпул во Премиерлигата
и стана играчот кој најбрзо стигнал до оваа бројка.
До крајот на
мечот Хендерсон само ја потврди победа и ги постави конечните 1-3.