На 4. март
минатата година, Калчото беше погодено од тажна вест, капитенот на
Фиорентина, Давиде Астори почина во сон пред дуелот со Удинезе.
Оваа голема
фудбалска трагедија одново е актуелна сега, откако од Шпанија почнаа да
пристигнуваат информации за убав гест на „виолетовите“ кои постхумано му го
продолжиле договорот на трагично загинатиот дефанзивец, и парите ќе одат кај
неговото семејство.
Голем број на
весници, од синоќа почнаа да пишуваат вест со следниот наслов, „Фиорентина со
доживотен договор за Астори“.
Сториите брзо се
проширија преку социјалните мрежи и почнаа да се објавуваат низ целиот свет. Но во
Италија, каде што треба да се најдобро упатени за случувањата на „Артемио
Франки“ нема ништо на оваа тема.
Неколку веб
страни блиски до Фиорентина пак пишуваат дека се работи за „фејк њуз“ и не
разбираат како некој се обидува да шпекулира за ваков трагичен настан. Тие исто
така прашуваат „Како може да му се даде доживотен договор на лице кое повеќе не
е помеѓу нас? Како тој ги потпишал документите?“, и посочуваат дека ова е
правно неизводливо.
Фиорентина веднаш
по трагичниот настан најави дека ќе се погрижи за семејството на Давиде Астори,
и веќе основа фонд од 1,5 милиони евра за неговата мала ќеркичка Виторија.