Легенда на Реал Мадрид кажа дека Меси е подобар од Роналдо, па почна да се вади

by
1 минути читање

Обично тие што се Мадридисти го преферираат Кристијано Роналдо поради тоа што тој направи многу за Реал Мадрид. Но Гути имаше твит во кој го одбра Меси пред Кристијано Роналдо.

Во изјава за „Марка“ тој сега се вади и на прашањето кој е подобар вели: „Двајцата“.

„Точно е дека неодамна твитнав дека го одбирам Меси, но го вреднувам Кристијано многу високо поради тоа што го има направено. Тој е голем фудбалер“.

„Меси е поголем талент, Кристијано повеќе е голгетер, поамбициозен и повеќе играч кој самиот себеси се изградил со работа“.

„Неверојатно е што во ерата на Меси, Роналдо освои пет Златни топки“.

„Роналдо беше исклучително значаен и го покажа тоа во Реал Мадрид. Тој беше значаен фактор, пред се поради гол продуктивноста. Особено во големите натпревари. На Реал Мадрид му фали Роналдо“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×