Челси забележа
две победи во низа во Премиерлигата, ја оправда фаворитската улога на дуелите
со Кардиф и Брајтон, а шесте бода се од исклучително значење за тимот од Лондон
кој грчевито се бори за место во топ четири од Премиерлигата сезонава.
Веројатно Маурицио
Сари им дал слободно време на своите фудбалери во пресрет на градското дерби со
Вест Хем во понеделник, меч кој исто така е од големо значење за тимот од
Стемфорд Бриџ, но, за тоа нема официјална потврда.
Мирор ги „улови“
дел од ѕвездите на Премиерлигашот како излегуваат од клуб доцна синоќа,
неколкумина беа во ноќниот клуб Рафлс.
Гери Кејхил бил
првиот забележан кој си заминува од таму во 1,30 часот по полноќ, веднаш по
него Рубен Лофтус-Чик, како и Етан Ампаду кој ланскиот септември наполни 18
години.
Дени Дринквотер
сезонава нема ниту еден настап во Премиерлигата, но, тој си замина од ноќниот
клуб десет минути по Кејхил со две девојки во такси, а последниот кој си заминал
од забавата бил Оливие Жиру, кој го напуштил клубот во 2,25 часот.
Најмногу од сите
се задржал Рос Баркли, кој во придружба на една девојка си заминал од клубот
дури во 5 часот наутро со шише вода на себе.




