„Галактикос“ продажби, Реал може да ја наполни касата со 500 милиони евра

by
2 минути читање

„Кралевите“ треба да започнат нов циклус, Зинедин Зидан веќе се врати на кормилото, а летоска треба да пристигнат неколку ѕвезди. Во исто време се најавува и заминување на неколку играчи, се шпекулира дека дури на 13 фудбалери им е неизвесна иднината.

АС сега говори за „галактикос“ продажба со која Реал може да ја наполни клупската каса со 500 милиони евра. Весникот како појдовна точка ги зема сумите од специјализираниот портал „Трансфермаркет“ но прави и одредени корекции.

Варан, Крос и Хамес се проценети на околу 80 милиони евра (240 заедно), но Реал, доколку не го убеди Французинот да остане, ќе бара најмалку 100 милиони евра за неговите услуги, додека пак Колумбиецот може да биде откупен од Баерн за 42 милиони евра.

Бејл според „Трансфермаркет“ е проценет на 70 милиони евра, додека пак Иско на 60 милиони евра. Но судејќи според сумите кои се плаќаат во последно време, АС вели дека Велшанецот би можел да направи трансфер од 100 милиони евра или повеќе, а и Иско би чинел десетици милиони повеќе од она што го пишува во специјализираниот портал. 

Истото важи и за Марсело и Ковачиќ, кои според „Трансфермаркет“ вредат по 35 милиони евра (70 заедно). АС смета дека Реал за Бразилецот може да добие двојно повеќе а за Хрватот околу 50 милиони евра.

Маријано има вредност од 20 милиони евра според „Трансфермакет“ и оваа е минималната сума за која Реал ќе му дозволи на напаѓачот да замине, додека пак Ваљехо се проценува на 10 милиони евра. Дефанзивецот или ќе биде продаден со опција во иднина да биде купен за одредена сума или ќе биде испратен на позајмица, за втората опција, Реал нема да добие ништо.

Доколку се соберат сите суми според проценката на „Трансфермаркет“, Реал од овие играчи би можел да заработи 470 милиони евра. Но мора да се направи корекција поради тоа што сумата на Хамес е веќе фиксирана, па се доаѓа до бројката од 432 милиони евра. Но доколку се прави пресметка според она што АС го прогнозира, која е на основа на сумите кои се плаќале изминатиов период за слични играчи, се доаѓа до бројката од преку 520 милиони евра

Можно е и ова да ти се допаѓа

×