Погба ако не заврши во Реал, добро ќе се офајди, Французинот ќе добие луда плата на Олд Трафорд!

by
1 минути читање

Пол Погба се посочува како една од желбите на Зинедин Зидан за реконструкција на тимот. Самиот играч призна дека сонува за настап во дресот на „кралевите“ и под водство на својот сонародник, а потоа Зизу упати многу пофални зборови на адреса на играчот и порача дека вратите на Реал Мадрид се отворени доколку тој реши да стави крај на авантурата на Олд Трафорд.

Сепак, Манчестер јунајтед нема намера лесно да се откаже од Французинот и според пишувањата на Сан, ќе му понуди нов договор на Пол Погба.

Поради интересот на Реал Мадрид, „ѓаволите“ ќе бидат проморани да бркнат малку подлабоко во џебот, Пол Погба бара високи 500.000 фунти неделна плата и да стане најплатен играч на Олд Трафорд.

Останува да се види каква ќе биде неговата иднина, но едно е јасно, доколку Пол Погба не заврши во Реал Мадрид, добро ќе се офајди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×