„Нероаѕурите“ од Бергамо сериозно се приклучуваат во трката за топ четири пласман. Вечерва избраниците на Гасперини ја „смачкаа“ Болоња со 4-1.
Аталанта фуриозно го започна мечот, Иличиќ постигна два гола, по еден Хатебор и Запата, и по само 15 минути игра имаше предност од 4-0.
Па домаќините снаа првиот клуб со ваков учинок во последните 87 години, и издначија рекорд на Јувентус стар 87 години. „Бјанконерите“ претходно во март 1932 година постигнале четири гола во воведните 15 минути на меч од Серија А.
Со овој триумф Аталанта исто така се наметнува како сериозен кандидат за топ четири пласман и има само еден бод негатива зад четвртопласираниот Милан.
Во недела избраниците на Гасперини имаат голем тест и гостување на „Џузепе Меаца“ кај Интер, натпревар на кој ќе бидат ослабени со неиграњето на Запата.