Манџукиќ потпиша нов договор, а медиумите во Италија ја открија неговата нова плата

by
0 минути читање

Марио Манџукиќ денеска го стави потписот на новиот договор со Јувентус.

Според италијанските медиуми, неговата плата сега ќе биде 5,5 милиони евра по сезона, што е за еден милион повеќе од таа која ја имаше со претходниот договор.

Хрватот кој полни 33 години во мај, во Јувентус дојде од Атлетико Мадрид во 2015 година, претходно играше за Загреб, Динамо Загреб, Волфсбург и Баерн Минхен.

Тој има постигнато 43 голови во 159 натпревари за Јувентус, има и 24 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×