Македонија напредуваше за три позиции на ФИФА ранг листата

by
1 минути читање

Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација се најде на 68 место на најновото рангирање
на ФИФА, а со ова се искачуваме за три места на тоа рангирање, откако
стартувавме одлично во европските квалификации

Македонија
моментално има 1350 бода, седум повеќе во однос на претходното рангирање, минатиот
месец обезбедивме победа над Летонија со 3-1 на домашен терен, како и реми кај
Словенија со 1-1 во првите две воведни кола од квалификациите.

Од нашата
квалификациска група за пласман на Европското првенство во 2020. година, Израел
напредуваше осум позиции и сега се наоѓа на 84 место, Австрија назадуваше 11
позиции и сега се наоѓа на 34 место, Полска е на 20, Словенија 63, додека пак
Летонија е рангирана на 134 место на ФИФА ранг листата.

Белгија е прва во
генералното рангирање, пред Франција и Бразил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×