Ристовски му ја бакна ногата на Фернандеш и испрати порака до „душманите“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Спортинг Лисабон
го совлада својот ривал Бенфика минимално со 1-0 на реванш пресметката во
полуфиналето од португалскиот куп, а со оглед на тоа што на гости загуби со
2-1, голот на гости му донесе финална пресметка со Порто идниот месец.

Бруно Фернандеш беше фудбалерот кој синоќа го одлучи вториот патник во финалето од купот на
Португалија, а нашиот интернационалец од редовите на зелено-белите, Стефан
Ристовски поради суспензија не се најде во составот на домаќините, поради
црвениот картон од претходниот првенствен меч.

Македонскиот
репрезентативец се огласи на социјалните мрежи објавувајќи фотографија на која
му ја бакнува ногата на Фернандеш, а тој воедно посочи и „молк“ со анимација,
мислејќи на според него, неправедната одлука од дисциплинската комисија при
куќата на фудбалот во Португалија.

Како за
потсетување, 27 годишниот бек во услови на водство на неговата екипа од 1-2 на
гостувањето кај Чавес во саботата, се здоби со исклучување во завршницата, а
Спортинг Лисабон упати жалба, која не беше прифатена, а Ристовски на
социјалните мрежи реагираше бурно на таа одлука.

Одлуката е
потврдена, уште еднаш се докажа дека некои работи едноставно не зависат од нас,
секогаш против Спортинг
“ напиша Ристовски.

Контроверзната ситуација која предизвика голема полемика во Португалија, особено жесток одговор имаше од Спортинг Лисабон…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×