Навас: Доколку Зидан ми каже да си заминам, јас ќе го сторам тоа

by
1 минути читање

Голманот на Реал
Мадрид, Кејлор Навас посочи дека ќе си замине од клубот во случај од таму добие
барање за такво нешто, особено од неговиот тренер Зинедин Зидан.

Костариканецот
говореше по поразот на Кралевите синоќа на Местаља кај Валенсија со 2-1, тој
беше помеѓу стативите од првата минута, а младиот Лука Зидан мечот го проследи
од клупата за резервни фудбалери, а Куртоа отсуствуваше поради повреда.

Доколку тренерот
ми каже да си заминам, јас ќе го сторам тоа, но, имам договор со Реал Мадрид и
ова е мојот клуб
“ рече Навас.

Секогаш ќе
работам напорно и ќе се обидам да докажам дека го заслужувам моето место, но,
сега мора да се фокусирам на претстојните осум натпревари од сезоната, целта е
да се остварат позитивни резултати за нашата чест
“ посочи Костариканецот кој
заклучи дека ова е тешка сезона за клубот.

Ова беше мошне
тешка сезона за клубот, работите не се одвиваа на начин на кој ние посакувавме,
но, мораме да бидеме заедно и обединети да ја подобриме ситуацијата
“ заклучи
Навас.

Костариканецот за
момент го „пресели“ Куртоа на клупата за резервни фудбалери претходно, но на
мечот против Хуеска во саботата токму тој беше во таква ситуација, а прв голман
помеѓу стативите за Кралевите беше синот на Зинедин Зидан, Лука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×