152
Зинедин Зидан го забележа првиот пораз откако се врати на кормилото. Реал Мадрид не одигра на потребното ниво на Местаља, па загуби со 2-1 на гостувањето кај Валенсија.
Најголемиот дел од нападите на „кралевите“ беа јалови, а за тоа колку очајно Реал се обидуваше да се врати во игра говори и срамниот потег на Марсело. Бразилецот се обиде да одглуми слободен удар во опасната зона. Сепак судијата не наседна на неговиот „скок во базен“ и му покажа жолт картон.
Safe to say it’s not been Marcelo’s season… pic.twitter.com/ujGEuu6NJf
— Danny Ryan (@DannyRyan11) April 3, 2019