387
„Спарси“ со месеци го одложуваа отварањето на својот нов дом кој ги чини и до една милјарда фунти. Откако изминатиов период беа одиграни неколку пробни натпревари, вечерва Тотнем го имаше дебито.
Кристал Палас пружи отпор во првиот дел, но Сон и Ериксен во второто полувреме се погрижија за славје. Најпрво фудбалерот од Јужна Кореа го отвори резултатот во 55. минута, а потоа Данецот ги реши сите дилеми во 81. минута од мечот.
Манчестер Сити се врати на врвот на табелата откако рутински со 2-0 го совлада Кардиф. За доминацијата на фаворитите да биде целосна, Челси со 3-0 ја доби пресметката со Брајтон.