Стерлинг: Изјавата на Бонучи е смешна

by
1 минути читање

Стерлинг и дел од играчите на Англија имаа непријатно искуство во Црна Гора каде имаше расистички навреди на нивна сметка. Играчот на Сити го крена гласот против расизмот во изминатиот период. А сега ги прокоментира и случувањата во Италија на вчерашниот натпревар.

Напаѓачот на Јувентус, Моисе Кин постојано беше навредуван на расна основа, и поради тоа откако постигна гол намерно го прослави пред навивачите на Каљари по што настанаа уште поголеми инциденти и дофрлувања кон него.

Леонардо Бонучи по натпреварот изјави дека вината не 50-50, половина е на фановите на Каљари, а половина на Кин.

Стерлинг преку инстаграм изјавата на Бонучи ја искоментира со смеење. Тој апсолутно не се согласува дека има вина кај Кин.

Со изјава се јави и поранешниот играч на Јуве, Пол Погба кој на својот инстаграм профил напиша: „Ја поддржувам секоја борба против расизмот, сите сме еднакви. Добри Италијани разбудете се, не треба да дозволите мала група на расисти да зборуваат за вас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×