Пакета ќе мора на дополнителни тестови, Милан без Донарума и до еден месец, за Јуве уште неколку неизвесни

by
1 минути читање

„Росонерите“ се
во резултатска криза, на последните три меча освоија само еден бод, а за
продлжението од сезоната, Џенаро Гатузо доби лоши вести.

Џиџо Донарума
синоќа мораше предвреме да го напушти теренот и според пишувањата на медиумите
тој има повреда на бутниот мускул на десната нога. Одредени медиуми пишуваат
дека голманот сигурно ќе паузира барем две недели, но има и песимистички
прогнози според кој чуварот на мрежата може да биде надвор од стројот и од 20
до 30 дена.

Што се однесува
до повредата на Лукас Пакета, Бразилецот лошо го извиткал скочниот зглоб и ќе
мора да му бидат направени нови тестови. Постои стравување дека тој ги оштетил
и лигаментите, и доколку ова се покаже како точно, ќе паузира подолго време.

На краток рок,
Милан има и други проблеми, се говори дека Франк Кеси е под голем знак
прашалник за дуелот со Јувентус во сабота, исто како и Сусо а дербито наверојатно ќе го пропушти и Андреа
Конти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×