Офанзивното трио со кое Солскјер планира да сее страв следната сезона

by
1 минути читање

Често се говори
за можните заилувања на „ѓаволите“ по крајот на сезоната, а според денешното
издание на Индипенден, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд е идентификуван како
топ цел.

Весникот вели
дека Оле Гунар Солскјер не смета на услугите на Алексис Санчез, сака да го
„шутне“ Чилеанецот и на негово место да го донесе младиот Англичанец, кој
блесна оваа сезона во Германија но и со настапите за „Трите лава“.

Норвешанецот сака
следната сезона да користи тројца брзи и пробивни играчи во нападот, и смета
дека Џејдон Санчо заедно со Антони Марсијал и Маркус Рашфорд во форот ќе крираат
страшно офанзивно трио кое ќе сее страв кај противниците.

Но за да го
ангажира Џејдон Санчо, кој има осум погодоци и 16 асистенции на 27 настапи во
Бундеслигата, Манчестер јунајтед ќе треба да го одврзе ќесето. Индипенден вели
дека „ѓаволите“ ќе треба да понудат 100 милиони фунти плус бонуси за да ја
убедат Борусија Дортмунд на продажба но и да ги победат ривалите како што се ПСЖ
и Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×