Лионел Меси
продолжува со блескавите игри, се уште е во свежи сеќавања неговата голема
мајсторија во победата кај Бетис со 1-4, Аргентинецот тогаш ја „натера“
домашната публика да го поздрави со овации по прекрасниот гол.
Веднаш потоа Меси
ги постигна двата гола во победата над градскиот ривал Еспањол, а синоќа имаше
нова магична партија.
Барселона водеше
со 0-2 на гостувањето кај Виљареал, но домаќините направија неверојатен пресврт
и дојдоа до водство од 4-2, но, во самиот финиш Меси и Суарез стапија на сцена
и донесоа реми за Каталонците, а Ернесто Валверде призна една мошне важна
работа, тимот има зависност од Меси.
„Секако дека
постои зависност од Меси“ рече шефот на стручниот штаб на Каталонците по
синоќешната драма од меч.
„Тоа постои во
секоја екипа во светот, но, и кога тој не би бил во составот ние треба да
играме на победа, Лео е од огромно значење за нас и постава еден голем стил на
терените, не е непознато нешто тоа што тој е најдобриот на светот за нешто“
посочи Валверде.
Реал Мадрид вечерва гостува на Местаља кај Валенсија, а Барселона во моментов има 13 бода предност во однос на третопласираниот тим предводен од Зидан во моментов, кој има меч помалку.