По деталната анализа Марка се предомисли: Мајсторијата од слободен удар против Еспањол е гол на Меси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Против Еспањол,
Лео Меси уште еднаш покажа дека е голем мајстор за изведување слободни удари,
елегантно го префрли живиот ѕид и донесе водство од 1-0. Сепак, Марка овој гол
го заведе како автогол, бидејќи еден од играчите на Еспањол се обиде да
расчисти на гол-линијата и тој последен играше со топката.

Но од асоцијацијаа
на Европски спорски медиуми побараа од Марка уште еднаш да го прегледа голот
бидејќи голем дел од европските медиуми го препишаа голот на Аргентинецот.

Причина за ова е
тоа што Марка како дел од ЕСМ кажува кој колку голови дал од Шпанија за изборот
на „Златна копачка“ во Европа, и секако „Пичичи“ трофејот за најдобар стрелец
во Ла Лига.

Па седум членови
од тимот на мадридскиот весник направија детална анализа и на крајот решија да
му го дпделат голот на Лео Меси, со што напаѓачот на Барселона сега има 31
погодок зад своето име, четири повеќе од Килијан Мбапе, кој до сега има 27
гола.

Во случај да сте го пропуштиле голот на Меси, ова е мајсторијата од слободен удар:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×