Според договорот со Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо не смее да зборува за играчите и за клубот во медиумите, но Португалецот го прави тоа, но не употребува имиња веројатно за да се заштити од тужби.
За оваа приказна за која Мурињо раскажуваше на тренерски семинар во Португалија, пишуваше „Дејли Мејл“ уште во септември кога и се случил инцидентот. Тоа е на гостувањето кај Барнли, по мечот сите играчи и стручниот штаб на Јунајтед си заминале со тимскиот автобус, а Погба со личен шофер и со нов Ролс Ројс.
„Требаше да играме со тим кој е на далечина од 30 километри од Манчестер и еден играч ме праша дали може по натпреварот да се врати во Манчестер сам, а не со тимскиот автобус“, открива Мурињо.
„Му реков: „Доколку бевме во Лондон и ти ми речеше дека сакаш да останеш таму, тоа е една работа. Но ова е блиску, нема смисла“.
„Тој беше вознемирен. Но кога го победивме натпреварот повторно ме праша. Бидејќи бев среќен, му реков: „Барем тргни со автобусот и кажи му на твојот возач да те чека на 10 минути од стадионот, а потоа оди како сакаш“.
„И тој во соблекувалната се уште не беше среќен. Отидов на прес конференција и кога се вратив кај тимскиот автобус, покрај него беше паркиран Ролс Ројс со неговиот возач“.
„Колата беше нова и неговата екселенсија сакаше да го напушти стадионот во неговиот Ролс Ројс“.
„И сега како да се справиме со овие работи? Дали да му кажете дека не смее да се вози во тој момент со Ролс Ројсот? Дали да му кажете дека може ако сте среќни? Или да го решите овој проблем на друг начин и да ве пратат „на одмор“ (да добиете отказ)“.
Кавгите на Погба и Мурињо беа една од поголемите причини за лошата атмосфера и резултати на Јунајтед кои кулминираа со отказ на Португалецот.