Во светот на
фудбалот секоја година се вртат се повеќе и повеќе милиони, за некого ова е
прилично доходовен бизнис, а најголемите фудбалски ѕвезди за една година
заработуваат суми од кои ќе ви се заврти паметот.
Реномираниот
Франс Фудбал ја објави својата листа на фудбалери со најголема годишна
заработка и на врвот е Лео Меси. Аргентинецот, на име на плата, премии и
спонзорски договори за 12 месеци инкасирал 130 милиони евра.
Втор е Кристијано
Роналдо со 113 милиони евра, додека на третата позиција се наоѓа Нејмар со 91,5 милиони
евра.
Останатите можеби
заработуваат далеку помалку, но и тоа се бројки за кои обичните луѓе можат само
да сонуваат. Помеѓу петте најплатени се наоѓаат уште Антоан Гризман со 44
милиони евра и Герет Бејл со 40,2 милиони евра.
20-те најплатени
фудбалери на планетата:
#1 Меси – 130 милиони евра
#2 Роналдо – 113 милиони евра
#3 Нејмар – 91,5 милиони евра
#4 Гризман – 44 милиони евра
#5 Бејл – 40,2 милиони евра
#6 Иниеста – 33 милиони евра
#7 Санчез – 30,7 милиони евра
#8 Кутињо – 30 милиони евра
#9 Лавеци 28,3 милиони евра
#10 Суарез – 28 милиони евра
#11 Пике – 27 милиони евра
#12 Крос – 26,3 милиони евра
#13 Озил – 25,8 милиони евра
#14 Мбапе – 25 милиони евра
#15 Оскар – 24,3 милиони евра
#16 Агуеро – 24,3 милиони евра
#17 Де Брујне – 23,5 милиони евра
#18 Хулк – 23,4 милиони евра
#19 Погба – 23,3 милиони евра
#20 Рамос – 23 милиони евра