Голманот на Евертон и Англија се тепаше со навивачи на Њукасл на улица пред паб! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Како што
пренесуваат медиумите од Англија инцидентот се случил во неделата навечер.
Џордан Пикфорд во својот роден град Сандерленд бил излезен со вереницата и
пријателите.

Тој често бил
задеван од фановите по серијата грешки кои ги имаше оваа сезона. Лица, за кои
се верува дека се навивачи на Њукасл му дофрлале „имаш мали раце“ и „фатен си
во рацете“, провокации на кои Џордан Пикфорд не реагирал.

Но кога некој ја
навредил неговата вереница, работите излегле од контрола. Џордан Пикфорд тргнал
да се тепа и од видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како
голманот број 1 на Евертон и Англија си дели боксови со навивачи на улица пред
еден паб.

За среќа неговите пријатели брзо реагираа и го тргнаа на страна па не се случи
поголем инцидент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×