Обамејанг не му верува многу на Лаказет, фановите на Арсенал ја приметија првичната реакција за прекрасниот лоб (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Топчиите“ се
искачија на третата позиција на табелата откако со 2-0 ја добија пресметката со
Њукалс. Ремзи го отвори резултатот во првиот дел, а Лаказет ги осигура трите
бода во финишот од мечот.

За вториот гол
имаше одлична соработка помеѓу двајцата напаѓачи на Арсенал, Обамејанг со глава
спуши за Лаказет, кој финишираше со прекрасен лоб.

Сепак, се чини дека Габонецот немаше многу доверба во својот партнер од форот и
во прв момент се фати за глава мислејќи дека Французинот ќе го префрли голот.
Но веднаш штом топката заврши во мрежата, тој тргна да му честите на Лаказет и
заедно да прослават.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×