143
Арсенал го искористи поразот на соседот Тотнем кој загуби од Ливерпул, тимот на Емери денеска ја оправда улогата на фаворит против Њукасл и дојде до планираните бодови.
Резултатот го отвори Арон Ремзи во 30. минута од мечот, а победата ја завери Лаказет на седум минути до крајот.
По овој триумф Арсенал скокна на третото место на табелата со 63 бода, има два повеќе од Тотнем и Манчестер јунајтед, а три од Челси.