Анри го „одра“ Монако, му зема богатство за три месеци ужасна работа!

by
1 минути читање

Тјери Анри работеше само три месеци во Монако, но заработи 25,5 милиони евра! Тоа е вкупната сума која ќе ја добие од францускиот клуб, тврди „Франс фудбал“.

Монако веруваше дека Анри ќе биде вистинскиот тренер за нив, му даде огромен договор, каков што немаат и многу поискусни тренери. Потпишана беше тригодишна соработка, но таа траеше само три месеци бидејќи тимот играше очајно.

Според клаузулата во договорот, раскинувањето скапо го чинеше Монако. Анри буквално го „одра“ клубот, зимајќи му тешки милиони за работа која ја заврши многу лошо.

Анри на клупата на Монако беше на 20 натпревари, од нив победи само на четири, загуби дури 11 пати и го остави тимот на 19. позиција во француската лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×