На средината од март, Л’Екип објави дека Рафаел Варан размислува да го напушти Сантијаго Бернабеу. Според емисијата „Хугонес“ на Ла Секста, Французинот веќе го известил Реал Мадрид дека сака да ја промени средината.
Тој во разговор со лидерите на клубот им ставил јасно до знаење дека сака да го заврши поглавјето како играч на „кралевите“.
Според ОК Диарио, директорите на Реал Мадрид му порачале на играчот дека ќе бараат да биде платена откупната клаузула која е поставена на 500 милиони евра.
Неколку клубови се поврзуваат со Рафаел Варан, се шпекулира со имињата на ПСЖ, Манчестер јунајтед, Баерн Минхен и Јувентус, но тешко дека некој би одвоил половина милјарда евра
АС и ОК Диарио исто така пишуваат дека Реал Мадрид ќе тргне по потписот на Калиду Кулибали од Наполи доколку Рафаел Варан направи трансфер летоска.