Папата: Меси не е Бог!

by
1 минути читање

Шпанскиот новинар Жорди Евол во „Ла Секста“ му правеше интервју на Папата Франциск меѓудрогото го прашат какво е неговото мислење за изговорите дека Лео Меси е Бог.

„Во теорија тоа е сквернавење. Не можете да го кажете тоа. Мислам дека луѓето велат „тој е Бог“ исто како што велат „јас те обожавам“. Можете да го обожавате само Бог“, вели Папата.

„Тоа се изрази кои луѓето ги користат. Тој е Бог на фудбалскиот терен. Тоа е популарен начин на изразување кај луѓето“.

„Се разбира, задоволство е да го гледате Меси како игра. Но тој не е Бог“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани