Ќе беше гол на сезоната во МЛС, коментаторите останаа во неверица по потегот на Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Швеѓанецот е
висок 195 цм но благодарејќи на боречките вештини и црниот појас во таеквондо поседува неверојатна
агилност. Во својата кариера тој има постигнато еден куп атрактивни голови, а
утрово имаше потег по кој коментаторите останаа во неверица.

На почетокот од
мечот помеѓу ЛА Галакси и Портланд, по една нафрлена топка, од речиси
невозможна позиција, со противнички играч на грбот, Златан Ибрахимовиќ од место
ја испружи ногата и упати удар кој за жал заврши во стативата.

Напаѓачот до
крајот на натпреварот сепак успеа да се запише два пати во листата на стрелци,
вториот гол беше мајсторија со „паненка“ од белата точка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×