На Спалети му се удри од глава изоставувањето на Икарди, Лацио до голема победа во Милано (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мауро Икарди се
врати на тренинзите и кога се очекуваше крај на сагата, Спалети реши да не го
повика Аргентинецот за мечот со Лацио. Оваа одлука вечерва му се удри од глава,
без класичен напаѓач во тимот, „нероаѕурите“ се мачеа пред противничкиот гол и
не креираа ниту една 100% шанса.

„Бјанкочелестите“
на крајот славеа со 0-1 и погодокот на Милинковиќ Савиќ од 13. минута се покажа
доволен за трите бода.

Хандановиќ со неколку одлични интервенции го држеше својот тим во игра, но сето
тоа беше џабе. Домаќините испратија безброј нафрлени топки во шеснаесетникот на
Лацио, но гостинските дефанзивци лесно се справуваа. Стракоша исто така беше
солиден на голот па Лацио од Милано си замина со цел плен и сериозно се впушти
во трката за топ четири пласман.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×