Ливерпул се врати
на врвот на табелата откако попладнево со 2-1 пред своите фанови го сволада
Тотнем во драматичен финиш.
„Црвените“ немаат
право на кикс во битката со Манчестер Сити со оглед на тоа дека заостануваат
еден бод помалку, и мечот добро започна, Фирмино донесе водство од 1-0 во 16.
минута.
Сепак, гостите
изедначија на 1-1 во 70 минута со голот на Лукас, па Клоп беше принуден да фрли
се на една карта и да нападне со сите сили.
Како одминуваше
времето, Ливерпул се мачеше да ги поврзе редовите а Тотнем преку контри имаше
прилика да стигне до цел плен. Гостите не искористија неколку добри прилики, а
за ова казната стигна во 90. минута.
По една нафрлена
топка, Салах биеше со глава, Лорис интервенираше и во еден момент се чинеше дека
ја има топката во раце, но реши да одбива, па топката го удри Алдервирелд и
заврши во мрежата за 2-1 во 90. минута и големо славје на Енфилд.
Па Ливерпул сега
има +2 на врвот но и натпревар повеќе во однос на Манчестер Сити и притисокот
ќе биде врз „граѓаните“.